Како што беше очекувано и најавено, минатата недела поминавме преку врвот на хоспитализациите и бројот на лежечки болни од ковид од понеделникот веќе се намалува (сината линија на првиот дијаграм), пишува во својата ковид анализа Дејан Трајковски.
Тој појаснува дека со оваа ситуација се стекнати услови за намалување на бројот и на починатите.
-Иако деновиве гледаме најголеми дневни броеви на починати (жолтата линија на вториот дијаграм), всушност се работи за дополнително откриени смртни случаи од системот „Мој термин“, односно претходно починати во домашни услови.
Во следните денови ќе се откриваат уште такви случаи, но врвот на новите смртни случаи веќе е надминат и постепено ќе се движи кон намалување.Заради продолженото времетраење од дијагностицирањето до смртниот исход (во случајот на подсојот BA5, споредено со претходните соеви), максимумот на морталитетот дојде речиси цел месец после максимумот на новите случаи.Практично одново се движиме кон воспоставување колективен имунитет, што би требало добро да држи барем уште 4 месеци, односно до Нова година, стои во анализата на Трајковски.