Ковид-биланс: 171 новозаразен и 409 оздравени пациенти

од Nikola Popovski

Според последниот извештај, Mинистерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.357 тестирања, а регистриран е 171 нов случај на коронавирус.

Билансот по градови изнесува: Скопје – 58, Куманово – 16, Битола и Радовиш – по 9, Виница – 8, Кочани и Кичево – по 7, Прилеп, Охрид и Штип – по 6, Велес и Струмица – по 5, Тетово, Гостивар и Ресен – по 4, Кавадарци – 3, Струга, Неготино, Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица – по 2, Делчево, Пробиштип,Крушево и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани се 409 оздравени пациенти од: Скопје – 171, Прилеп – 39, Куманово – 37, Битола – 36, Тетово – 15, Велес – 13, Гостивар – 12, Кичево – 11, Штип – 10, Струмица – 9, Кавадарци и Радовиш – по 8, Крива Паланка – 6, Охрид и Кочани – по 5, Виница и Демир Хисар – по 4, Дебар и Пробиштип – по 3, Неготино, Ресен и Богданци – по 2, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Делчево – по 1.

Слични содржини