Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, од направени 723 тестови, регистрирани се 108 нови случаи на коронавирус по градовите Скопје – 75, Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп и Кавадарци – по 4, Струмица – 3, Тетово, Гостивар и Охрид – по 2, Велес, Штип и Гевгелија – по 1. Ваквите бројки значат благо зголемување во однос на вчерашниот ден, кога имаше 93 новозаразени.
Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 29 реинфекции.
Регистрирани сe 88 оздравени пациенти од: Скопје – 79, Битола – 5, Прилеп – 2, Пробиштип и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.075.632 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.360, бројот на оздравени пациенти е 303.498, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 540.