Ковид нокти нов симптом: Промените се резултат на инфекцијaта со вирусот (ФОТО)

од Берта Китинска
401 прегледи

Луѓето кои имаат јасна хоризонтална линија на ноктите, што наликува на вдлабнатина, веројатно биле заразени со ковид 19, вели професорот Тим ​​Спектор, британски експерт кој прв открил дека ковид-19 го придружува губењето на сетилото за мирис и вкус.

Тој ја сподели фотографијата на Твитер, коментирајќи: „Дали ноктите изгледаат чудно? Ковид ноктите се повеќе се препознаваат како последица на инфекцијата.

Тие можат да се појават без осип на кожата и да изгледаат навидум безопасни, процени професорот Спектор.

Ноктите се обновуваат во просек за шест месеци, така што не секој што има симптоматска, а особено асимптоматска форма на ковид-19, ќе забележи промена на нив некое време. Сепак, професорот Спектор смета дека вдлабнатините на ноктите треба да се следат како еден од индикаторите за претходна инфекција со вирусот САРС-КоВ-2. Она што е познато засега е дека промените во ноктите не се јавуваат кај сите луѓе кои имале ковид 19. Имено, вдлабнатините на ноктите е присутни и кај луѓе кои страдале од друга вирусна инфекција проследена со треска. Тие се исто така чест придружник на одредени кожни болести, како што се егзема или псоријаза.

Слични содржини