170
И покрај фактот што од август, земјите-членки ги укинаа сите ограничувања за патување во ЕУ, вклучително и сертификатот за ковид-19, Европската комисија смета дека е неопходно да се биде внимателен во зимските месеци.
Од Европската комисија најавуваат дека регулативата за сертификатот ќе остане во сила до 30 јуни тековната година.
Во третиот извештај за влијанието и имплементацијата на дигиталниот ковид сертификат ширум ЕУ, објавен денеска, Комисијата вели дека од 2021 година, земјите-членки издале повеќе од две милијарди дигитални сертификати за ковид-19.