Ковид-случаи и во струмичките училишта, заразени се и наставници

од Nikola Popovski
216 прегледи

Еден клас од средно и едно од основно училиште во Струмица се ставени во изолација откако меѓу учениците се појавиле позитивни случаи на коронавирус, соопштија од Центарот за јавно здравје во Струмица, од каде велат дека трансмисијата на вирусот била во самите уличишта и затоа се водат како нови кластери. Позитивни случаи има и меѓу просветниот кадар.

-Прeземени се сите неопходни мерки и се надевам дека во иднина нема да се појавуваат други ученици. Меѓутоа, ако постои ние по епидемиолошка индикација секако ќе тестираме. Согласно мерките и протоколите кои се од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ние постапивме така како што треба. Дел од учениците веќе се ставени во домашна изолација, тие се под надзор и се следи нивната здравствена состојба, вели епидемиологот Мери Николова Гичева.

Од Центарот за јавно здравје соопштија дека позитивни на коронавирус има и во детските градинки, но таму не станувало збор за кластери.

Струмица и регионот не се во добра епидемиолошка состојба, велат податоците. Во моментов има околу 580 активни случаи на ковид-19 а бројките постојано растат.

Слични содржини