
Толпа луѓе се собраа на плажите во Џексонвил помалку од половина час откако Флорида ги отвори плажите пред јавноста и покрај епидемијата од коронавирусот.
Иако плажите имаат „рестриктивни часови“, за само еден ден бројот на новозаразени во Флорида скокна за 1.421 лица, што е највисоко досега.
На Флорида, 24.750 луѓе се заразени со вирусот, додека бројот на починати за последнве 24 часа скокна од 58 на 726.
Плажите во Џексонвил се отворени од 6 до 11 часот и од 18 до 20 часот исклучиво за прошетка и пливање. Сончањето е забрането и посетителите мора да одржат растојание од два метра.
Градоначалникот Лени Кери предупреди дека ако не се почитуваат заштитните мерки, плажите повторно ќе бидат затворени.