Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје соошти дека во последните 24 часа се направени 5.446 тестови, а регистрирани се 1.861 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (1.861), регистрирани се 242 реинфекции, од кои една е втора реинфекција. Додека 7.273 се оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 9 починати лица од Скопје (68г, 73г, 77г, 81г, 82г, 84г, 84г, 86г и 87), по 3 починати од Кавадарци (69г, 78г и 88г) и Битола (66г, 67г и 73г) и по едно починато лице од Демир Капија (73г), Куманово (86г), Неготино (87г), Прилеп (22г), Струга (76г), Струмица (73г) и Тетово (58г). Од пријавените лица, 21 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.767.491 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 263.206, бројот на оздравени пациенти е 238.452, на починати е 8.312, а бројот на активни случаи изнесува 16.442.