КОВЗ: Верниците од муслиманска и христијанска вероисповед да ги почитуваат начелата на верата

од desk3
76 прегледи

Ги повикувам верниците од муслиманска и христијанска вероисповед да ги почитуваат начелата на верата.
Тие добро знаат дека ниту орелот, ниту крстот можат да ги направат победници или поразени. Тие историски живееле во верска толеранција и соживот и самите меѓу­себно знаеле да споделат заеднички моменти во добро и во зло.

Valentina-Bozinovska-11

Ниту некогаш христијаните се собирале да протестираат против изградба на џамија, ниту пак, им пречела молит­ва­та на имамот.

Тие што вчера ги газеа осветените темели за крстот по­бед­ници ли беа?

Време е кога и муслиманите и христијаните треба да се вратат на корените на своите прадедовци, зашто токму тие беа урнек како се живееше во Република Македонија.
Време е пред сѐ за човечко обединување. Онака како што можеме самите одвнатре да си помогнеме, тоа никој од­над­вор нема да го направи за нас.

Ве повикувам да го следиме примерот на поранешниот муфтија и сегашниот градоначалник Ружди Љата и игу­ме­нот Партениј, обата го чуваат верскиот соживот во де­барско-реканскиот крај, на македонците, на албанците и на македонците со исламска вероисповед.

Само на тој начин ќе го кренеме заедничкиот бајрак на победа на верската  толеранција и соживот во Република Македонија.
Апелирам во овие мигови проблемот да се разреши и институционално.
Интегрален текст