Кожа без мана – совршен трик за борба со целулитот

од desk4
366 прегледи

Целулитот е за жал чест проблем, а жените повеќе страдаат од него. Дури 90% од повозрасните од 18 години имаат целулит. Тој се создава од задржување на маснотии и вода под кожата и тоа најчесто се појавува на колковите и бутовите.

Лесно ќе го забележите ако со прстите ја стиснете кожата и ќе видите нешто што многу потсетува на кора од портокал. Најчести причинители се јадењето мрсна и пржена храна, како и кофеинот. Многу доктори укажуваат на тоа дека може да се отстрани или намали на едноставен начин – со здрави состојки.

Еден од најделотворните лекови е рузмарин во алкохол. Оваа неверојатна билка има бројни здравствени предности, а тој лек е многу едноставен за подготовка. Рузмаринот го има во градини, шуми, а може и да го одгледувате дома во саксија, или да го купите на пазар.
Лекот освен против целулит е добар при грип и настинки, болки во вратот, модринки, проблеми со циркулација и проширени вени, го спречува губењето на косата, болки во мускулите, зглобовите и ревматизам.

Како да го подготвите?
Едно гранче свеж рузмарин заедно со цветовите и лисјата (а може и суво) исечкајте го на ситни парчиња и ставете го во помал сад. Ако сакате можете да упоребите и повеќе рузмарин. Прелејте го со медицински алкохол до врв. Добро затворете и оставете да стои 15 дена на темно место.

Потоа процедете го и ставете го во стаклен сад кој ќе го чувате на темно место. Овој тоник можете да го користите за масажа на нозете пред спиење навечер или болните зглобови.
Немојте да го користите за чистење лице или близу до очите. По употреба добро измијте ги рацете.

Слични содржини