Коѕијас за спорот со Бугарија: Каракачанов прави од земјата Херкулес без мускули

од Vladimir Zorba
418 прегледи

Министерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов и неговата ВМРО прават од земјата „Херкулес без мускули“ и се дестабилизирачки фактор на Балканот, изјави за „Еурактив“ поранешниот министер за надворешни работи на Грција и еден од потписниците на Преспанскиот договор – Никос Коѕијас.

„Таквата позиција на Бугарија кон С. Македонија е поради тонот што го дава крајно десната партија во власта, претставена од министерот за одбрана. Веќе ја предупредивме Европската унија дека тој води крајно несоодветна политика за ЕУ. Ќе ве потсетам дека, како претседавач со Советот на ЕУ, Бугарија имаше поставено карта на Сан Стефано, на која е претставена Голема Бугарија, каква што сакаше Царска Русија да биде“, изјави Коѕијас.

Според него, Бугарија сè уште не созреала за да сфати дека во Северна Македонија се родила нова нација, која има свој сопствен јазик.

„Наместо да го признае тоа и да придонесува за мирот и за пријателството на народите во регионот, Бугарија дејствува на дестабилизирачки начин, правејќи се Херкулес без мускули“, додава тој.

Слични содржини