Крадци украле пари од црква

од Nikola Popovski
17 прегледи

Охридската полиција уапсила две лица кои краделе од црква, стои во билтенот на МВР. Според информациите, вчера во 16.10 часот во охридското село Опеница, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле Ш.С.(38) и С.Ш.(29), двајцата од Охрид.

Тие се сомничат дека претходно во црква во истото село извршиле кражба, при што одзеле пари.

-По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Слични содржини