Крафтинг пивски салон во Кинотека на Македонија

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Во Кинотека на Македонија денеска од 15 до 20 часот ќе се одржи Крафтинг пивски салон на домашни производители на занаетчиско пиво. Влезницата е 300 денари, додека цената на поединечно пиво од секој изложувач е 100 денари.

За првите 300 посетители е обезбедена стаклена брендирана чаша со логото, дегустација/проба на сите изложени пива, соодветна храна и специјално пенливо вино за добредојде.

Пивскиот салон ќе биде збогатен со музичка и видео програма на која ќе се презентира развојот на домашното пиварство во Македонија.