Крај на Челси каков што го знаеме?

од Vladimir Zorba
387 прегледи

Фудбалскиот клуб Челси минува низ тешки моменти откако беа воведени првичните санкции за нивниот сопственик Роман Абрамович.

Првобитно му беше забранет влез во Англија поради блиските врски со Владимир Путин, а денеска од истата причина му беше конфискуван целиот имот и бизнисот на Челси е замрзнат.

Тоа со себе донесе големи проблеми. Клубот не може да биде продаден до дополнително известување, а последната информација која ја објави британски „Тајмс“ е дека телекомуникациската компанија „Три“, чие лого го носи Челси на дресовите, размислувала за откажување на нивното спонзорство.

Тие потпишаа тригодишен договор во 2020 година и истекува во 2023 година, а според него Челси заработува 40 милиони фунти годишно. Така, доколку се прекине соработката, „сините“ ќе останат без огромна сума на пари за следната сезона.

Заедно со сето тоа, продажбата на Челси моментално оди на потешкиот пат, па дури и кога ќе дојде до неа, прашање е дали новиот сопственик ќе биде приближно дарежлив кон своите менаџери како Роман Абрамович.

Слични содржини