Турските специјалците убија двете жени кои утрото нападнаа полициска централа во истанбулскиот кварт Бајрампаша, соопштува AFP. Во нападот нема повредени луѓе.Двете жени биле убиени во станбена зграда, каде се криеле по нападот.
Според локалните медиуми, при нападот двете напаѓачки фрлиле неколку бомби и отвориле оган врз седиштето на истанбулската полиција за борба со безредијата.
