Крај на една ера: Бартомеу веќе не е претседател на Евролигата

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Жорди Бартомеу повеќе не е прв човек на Евролигата по состанокот што го одржаа клубовите.

За негово разрешување гласаа ЦСКА, миланска Олимпија, Жалгирис, Макаби, Олимпијакос и Панатинаикос, па идејата на шпанските клубови со поддршка на Ефес и Фенербахче за продолжување на мандатот на Бертомеу за една преодна сезона, не помина.

Информацијата за негово разрешување ја пренесе грчка „Газета“.

Клубовите незадоволни од работата на Бертомеу се согласија на компромис и прифатија тој привремено да остане во организацијата како надворешен советник поради големото искуство. Неговиот договор за функцијата извршен директор истекува на 30 јуни, па по 22 години ќе биде сменет на чело на најсилното клупско кошаркарско натпреварување во Европа.

Функцијата спортски директор во иднина ќе биде многу помалку важна, бидејќи во иднина Евролигата ќе има неколку специјализирани комисии и двајца-тројца директори кои секојдневно ќе ги делат обврските и ќе раководат со натпреварувањето.

Евролигата се уште нема донесено одлука за статусот на руските тимови и нивното учество за следната сезона.

Слични содржини