КРАЈ НА ЕДНА ЕРА? Флорентино Перез е подготвен за живот по Рамос

од Nikola Popovski
251 прегледи

Реал Мадрид и капитенот на Кралскиот клуб, Серхио Рамос засега имаат неуспешни преговори за нов договор бидејќи клубот не сака да му ја зголеми платата на Рамос, кој веќе има 35 години и не сака да му понуди долгорочен договор. Претседателот Флорентино Перез веќе има елабориран план со кој очигледно сака да му покаже на Рамос дека „Лос Бланкос“ можат без него.

Во Мадрид планираа да го доведат Давид Алаба, кој дефинитивно ќе го напушти Баерн, а тој е се поблизу до Реал откако ја одбил понудата на Ливерпул. Австриецот сигурно ќе чини многу пари, но платата што му останува од Рамос може да му биде дадена.

Тоа не е крај на подготовките на Перез за живот по капитенот, бидејќи Реал ќе се обиде да го донесе стоперот на Виљареал, Пау Торес, кој е 11 години помлад од Рамос. Торес игра одлично последните две сезони, па се етаблираше во шпанската репрезентација. Откупната клаузула за Торес е 50 милиони евра, но Перез верува дека може да го земе за помалку пари.

Слични содржини