Крај на кариерата на „Црниот Пантер“

од Vladimir Zorba
55 прегледи

Бафетимби Гомис (39) реши да стави крај на кариерата. Поранешниот француски репрезентативец остана во сеќавањето на многу клубови, но најмногу играјќи за Сент Етјен каде постигна 49 гола, како и за Лион каде постигна дури 95 гола за тој клуб.

Покрај тоа, тој играше за Свонси, Марсеј, Галатасарај, Ал Хилал и Кавасаки, а имаше и епизода во Марсеј.

Каде и да играше имаше импресивен настап, исклучителен стрелец кој во кариерата постигна дури 358 голови.

Тој беше познат и по неговата славна прослава на голот, поради што го доби прекарот „Црниот Пантер“, а особено позната прослава на голот додека играше за Свонси беше кога постигна гол против Манчестер Јунајтед.

Беше играч на сезоната во турската Суперлига, најдобар стрелец во азиската Лига на шампиони, но и најдобар играч, најдобар стрелец во првенството на Саудиска Арабија, како и тоа што постигна 20+ голови во осум сезони во текот на неговата кариера -што звучи неверојатно.

Тој беше особено импресивен кога играше за Ал-Хилал и постигна 40 гола во сезоната 2019-2020.

Слични содржини