Симон Кјер ја заврши професионалната кариера.
Овој фудбалер е без клуб откако го напушти Милан на 30-ти јуни, а последниот натпревар го имаше на 8-ми јуни против Норвешка во пријателскиот натпревар за репрезентацијата на Данска.
Тој летово имаше неколку понуди од екипи од Лигата на шампионите, но сите ги одби.
„Сега навистина е време да го завршам овој дел од мојот живот. Според моите мисли, сакав да ја завршам кариерата во Милан. Знам дека досега во мојот ум и со процесите во мојата глава, не можев да имам подобар крај на мојата кариера“, рече тој.
Инаку, овој фудбалер во текот на својата кариера настапуваше за Митјиланд, Палермо, Волфсбург, Рома, Лил, Фенербахче, Севиља, Аталанта и Милан.
За данската репрезентација одигра 132 натпревари и постигна 5 гола.