Како што пренесува Sky Sports, неуспешната епизода на Даглас Луиз во Јувентус наскоро ќе заврши. Играчот од средниот ред е подготвен да се врати во Премиер лигата.
Истите медиуми пренесуваат дека има интерес за бразилскиот репрезентативец, уште повеќе, два елитни клуба го посакуваат Луиз во јануарскиот преоден рок.
И „Старата дама“ е подготвена да се збогува бидејќи Бразилецот во овие неколку месеци не покажа што се очекуваше од него. Не успеа да се избори за место во стартниот состав во тимот на Тиаго Мота, а и кога беше на теренот не беше на нивото на игрите во Астон Вила.
Јувентус е подготвен да го пушти Луиз на позајмица до крајот на сезоната, но под услов клубот да го купи по позајмицата. Торинскиот клуб очигледно нема намера да му даде втора шанса на играчот од средниот ред.
Поминаа само седум дена од зимскиот преоден рок и Јувентус најверојатно ќе биде еден од поактивните клубови поради бројните повреди и пропуштените засилувања во летниот преоден рок.