Англија го скрши проклетството кое траеше половина век и конечно ја елиминираше Германија на големо натпреварување. Ова се случи по успехот од 2:0 во четвртфиналето на Евро 2020.
Вечните ривали го одиграа првото полувреме кое го одзема здивот на стадионот „Вембли“, во кое недостасуваа само головите. „Трите лава“ го започнаа и го завршија делот со длабок притисок и храбра игра, но и Германците имаа свои можности.
Мануел Нојер спаси застрашувачки проектил од Рахим Стирлинг, а Тимо Вернер направи непростлив пропуст против голманот на спротивниот гол. Секунди пред паузата, Матс Хумелс брилијантно интервенираше во одбраната и не му дозволи на Хари Кејн да постигне сигурен гол.
Второто полувреме започна со опасен удар на Хаверц, но во 75. минута „трите лава“ поведоа. Рахим Стирлинг ја започна акцијата и ја заврши со точен удар во пеналтикот. Набргу потоа, Германија можеше да изедначи, но Томас Мулер направи неверојатен пропуст. Така се случи 86-та минута, во која Хари Кејн го удвои водството и ја испрати целата нација во екстаза.
Така, за прв пат од 1966 година (финалето на Светското првенство), Англија ја елиминираше Германија на голем фудбалски собир. Во четвртфиналето (3 јули во Рим) момците на Герет Саутгејт ќе играат против Шведска или Украина, кои ќе играат вечерва во 21.00 часот.