Крај на сагата! Реал ја реши судбината на Крос

од Vladimir Zorba
319 прегледи

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид и германската репрезентација Тони Крос на лето станува слободен играч, но има шанси да потпише нов договор.

Како што пренесуваат мадридските медиуми, управата на „белите“ веќе го известила Крос дека неговиот нов договор е готов и дека може да го потпише кога ќе посака.

Ниту Карло Анчелоти ниту Флорентино Перез не можат да замислат тим на Реал без Крос, особено со тоа што Лука Модриќ веројатно ќе го напушти клубот ова лето.

Крос пристигна во Реал Мадрид во летото 2014 година по расправијата со Пеп Гвардиола и Баерн го пушти да си замине за само 25 милиони евра.

Слични содржини