Изгледа големата трансфер сага конечно заврши. Францускиот фудбалер Килијан Мбапе останува во Пари Сен Жермен, објави познатиот фудбалски инсајдер Џанлука ди Марцио.
Во петокот се појави информација дека Флорентино Перез, претседателот на тимот на Реал Мадрид, најавил дека Мбапе не доаѓа.
Тоа го потврди и Ди Марцио во саботата попладне, иако имаше многу шпекулации за заминувањето на Французинот во Мадрид.
Италијанецот вели дека Мбапе наместо во Шпанија, ќе го продолжи договорот со актуелниот клуб и ќе остане во Париз.
No more doubts, #Mbappe will stay in #Psg e renew his contract with @PSG_inside ⌛️@KMbappe @SkySport @SkySports @SkySportsNews
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) May 21, 2022
Мбапе во редовите на „светците“ дојде во 2017 година, кога парискиот клуб на Монако му плати дури 180 милиони евра.
Во таа година „Кнезовите“ предводени од Мбапе станаа шампиони на Франција. Со Пари Сен Жермен, Мбапе играше во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година, кога го совлада Баерн Минхен со 1-0.
Не е непознато дека Мбапе порано бил навивач на Реал Мадрид, поради што во неколку наврати споменуваше дека би сакал еднаш да заигра за „кралскиот клуб“.