Специјаклката на полицијата и војската на Франција во северното предградие на Париз “Сен Дени” за отстранување на терористи, поврзани со нападите од пред неколку дена, заврши !, објави russian.rt.com.

Според извештаите на локалните ТВ канали, двајца од терористите се саморазнесоа, приведени се уште петмина, а според други извори, седум лица. Во текот на операцијата има повредени полициајци. .Како што е познато, жителите во околните згради до станот, во кој се забарикадирале терористите, беа замолени да се евакуираат и да не излегуваат на улица. На неколку семејства им се обезбедени привремени засолништа за време на акцијата. Според ТВ каналот BFMTV пукањето во “Сен Дени” почна околу 4:30 наутро по локално време, и траеше до пред извсно време.

Операцијата во париското предградие “Сен Дени” тргнала по сигнал дека се подготвува нов напад, овој пат во бизнис квартот “Ла Дефанс”. Ова е последната информација од дописници на БиБиСи, коиго следат местото на опсадата. Првичната информација беше дека акцијата е за фаќање на “мозокот” на нападите во Париз Абделхамид Абауд. Упадот започна со силни експлозии и звук со калашникови во 4,30 часот наутро по локално време. Во моментов се земени ДНК примероци од терористите кои евентуално можат да ја докажат нивната врска со крвопролевање од петок 13-ти, во која загинаа 129 лица. Информацијата е на телевизија France 2. Мерките за безбедност за невидени, Париз е во војна. “Сен Дени” е блокиран за секоа евентуалија , патиштата се затворени, а луѓето се евакуирани или се предупредени да не ги напуштаат своите домови. Очекуваме детали од акцијата