Крај за Медведев во Индијан Велс, Ѓоковиќ останува на првото место на АТП листата

од Vladimir Zorba
283 прегледи

Рускиот тенисер Данил Медведев беше елиминиран во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс, откако Бугаринот Григор Димитров беше подобар од него со 4:6, 6:4, 6:3.

Димитров направи големо изненадување со исфрлање на вториот светски тенисер по пресврт и два часа и 16 минути игра.

Со овој пораз, Русинот ја пропушти шансата да го освои Мастерс трофејот и да стигне до првото место на АТП листата од ноември, на кое ќе остане српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Димитров во четвртфиналето за ривал ќе го има Полјакот Хурберт Хуркач.