На денешен ден 2 март
1459.- Роден е холандскиот свештеник Адријан Флорисзон, кој како папа Адријан Шести во јануари 1522 година стана единствениот холандски поглавар на римокатоличката црква во нејзината историја. Умре во септември во 1523 година, не успевајќи да ја оствари замислата за обединување на европските земји во борбата против Отоманското царство.
1810.- Роден е италијанскиот свештеник Винченцо Ѓоакино Печи, кој како папа Лав Осми во текот на понтификатот од 1878 година со смртта во 1903 година, сесрдно ја помагаше католичката акција сметајки дека црквата не треба да се противи на напредокот на науката.
1817.- Роден е унгарскиот писател Јанош Арањ, најголем унгарски епски писател, кој заедно со Шандоро Петефи е најзначајниот претставник на „народниот“ правец кој доминираше во унгарската литература во 19. век. Ги преведе Вилијам Шекспир и Аристофан, а пишувал и студии за естетика и историја на уметноста. Останати дела: триологиите „Толди“, „Толдиевата љубов“, „Толдиевата вечер“, баладите „Божји суд“, „Агнеза“, „Кралот Лајош Петти“.
1824.- Во Литомишл е роден Беджик Сметана, чешки композитор, основоположник на модерната чешка музика. Едно од неговите најпопуларни дела е операта „Продадена невеста“. Други негови познати опери се „Далибор“, „Либуша“ и „Бакнеж“, и циклусот симфониски поеми „Мојата татковина“ и гудачкиот квартет „Од мојот живот“. Умре во Прага , на 12 мај 1884 година.
1855.- Умре рускиот цар Николај Први Петрович Романов, кој владееше од 1825 до неговата смрт. Беше исклучително реакционерски ориентиран. Во текот на неговото владеење беа прогонети многу руски писатели, вклучувајќи ги Александар Пушкин и Михаил Љерментов.
1876.- Роден е италијанскиот римокатолички свештеник Еуџенио Пачели, а од 1939 до неговата смрт во 1958 папата Пие Дванаесетти. Пред крајот на војната и непосредно по војната благонаклонето ги набљудуваше, а и им помагаше на припадниците на поразените формации во бегањето по таканаречениот „глувчји канал“ – мрежа на помошта по која тие беа префрлувани најчесто во Латинска Америка.
1909.- Со итнервенција на европските сили Австро-Унгрија беше спречена да војува против Србија, по таканаречената анексиона криза.
1917.- Последниот руски цар Николај Втори се откажа од престолот. По победата на Октомврската револуција беше однесен во Екатеринбург (подоцна Свердловск) каде во јули 1918 година комоплетното царско семејство и послугата по наредба на Ленин беа убиени со огнено оружје, избодени со бајонети и потоа масакрирани.
1921.- Умре поранешниот црногорскиот владетел Никола Петровиќ. По инвазијата на австроунгарските трупи, во јануари 1916 година потпиша капитуалција и ја напушти Црна Гора.
1923.- Во Париз умре Сара Бернар, француска артистка со исклучително убав глас и дарба. Најзиното актерство обележа цела една епоха. Главни нејзини улоги се Корелија во “Кралот Лир”, кралицата во “Руј Блаз”, “Дамата со камелии”, “Хамлет” и “Тоска”. Родена е во Париз, на 23 октомври 1844 година.
1930.- Умре англискиот писател Дејвид Херберт Лоренс. Дела: „Белиот паун“, „Синови и љубовници“, „Љубовникот на лејди Четерли“, расказите „Збунети жени“, „Пруски офицер“, „Англија, моја Англија“, „Жената која одјава“, „Апокалипса“, песните „Љубовни и други песни“, „Аморес“, „Желки“.
1931.- Роден е советскиот државник Михаил Сергеевич Горбачов, последниот претседател на Советскиот Сојуз, кој по преземањето на власта во 1985 година го отпочна процесот на пролибрални реформи познат како „перестројка“. Процесот кој го започна не можеше да го контролира, поради што во 1991 година се распадна Советскиот Сојуз.
1939.- Умре англискиот египтолог Хауард Картер кој во 1922 година ја откри гробницата на фараонот Тутанкамон.
1942.- Близу до селото Плетвар, Прилепско, загинаа Борка Талески – Црниот и Лазо Колевски – Лавски, народни херои на Македонија.
1943.- Британското воено воздухопловство во Втората светска војна систематски започна да ги бомбардира европските железнички системи на територијата под контрола на нацистичка Германија.
1943.- Во Втората светска војна во Бизмарковото Море почна поморската битка во која сојузничките авиони потопија 12 јапонски воени бродови. Во текот на битката загинаа безмалку 4.000 Јапонци.
1946.- Хо Ши Мин е избран за претседател на Северен Виетнам.
1956.- Поранешната француска колонија Мароко се здоби со независност.
1980.- Во Скопје е формиран Факултетот за ликовни уметности.
1996.- Во Скопје умре проф. Анатоли Дамјановски, истакнат македонски педагог и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Роден е на 10 април 1928 година.
1972.- Во САД е лансиран вселенскиот брод “Пионер 10” за испитување на планетата Јупитер.
1973.- Претставници на 12 земји го потпишаа во Париз завршниот документ за мир во Виетнам.
1993.- Во Скопје, во касарната “Гоце Делчев” се промовирани 64 водници на АРМ, прва класа подофицери произведени во Центарот за воено образование и обука за одбрана.
1995.- Покренато е обвинение против поранешниот премиер на Италија Џулио Андреоти поради негова поврзаност со мафијата.
1996.- Со големиот изборен пораз на Лабуристичката партија на австралискиот премиер Пол Китинг, по 13 години заврши неговото владеење.
2003.- Во Алжир како прв француски претседател од 1962 година, кога Алжир се стекна со независност, допатува Жак Ширак.
2004.- Во координирани самоубиствени напади во Багдад во Кербали во моментот кога шиитските верници го празнуваа празникот Ашуру, убиени се повеќе од 170 луѓе.
2004.- Во нападот на процесија на шиитските муслимани во Кети, во југозападен Пакистан, загинаа 37 луѓе.
Избор МИА