Крајнодесничарската Преродба ќе разговара со сите бугарски партии за заедничка декларација во одбрана на Бугарите во Македонија

од Nikola Popovski
153 прегледи

Денес ќе разговараме со другите политички сили и ќе ги повикаме на разбирање, изјави лидерот на бугарската крајнодесничарска проруска партија Преродба, Костадин Костадинов во врска со подготовката на заедничка декларација за заштита на Бугарите во Македонија која би требало да биде усвоена во Народното собрание на Бугарија. Тој истакна дека неговата партија веќе доставила нацрт-декларација до Кабинетот на бугарскиот спикер.

Костадинов потсетил дека Преродба ги повикала бугарските пратеници и тамошната Влада да преземат институционални мерки и да има институционален одговор од државата во врска со, како што вели, „вознемирување врз нашите сонародници во РС Македонија“.

Лидерот на контроверзната партија посочил дека постои став од партиите во парламентот за заеднички документ на темата, кој треба да го усвои Народното бугарско собрание.

Според Костадинов, „македонската Влада покажала ароганција и самоувереност и не треба, во време кога се очекува позитивен одговор на извештајот за напредокот на РС Македонија во врска со нејзиното пристапување кон ЕУ, да се создаваат тензии и да се провоцираат конфликти“.

Ваквите пораки од Софија следуваат откако со сослушување на поранешниот премиер, Љубчо Георгиевски како сведок на одбраната, во Основниот суд во Битола продолжи судскиот процес против поранешниот претседател на згаснатиот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“, со слично име и презиме Љупчо Георгиевски. Нему му се суди за предизвикување омраза по национална основа и ширење ксенофобија по компјутерски систем. Експремиерот го величаше ликот на Ванчо Михајлов, рече дека и самиот е ванчомихајловист, сведочеше речиси еден час и правеше историски анализи.

Слични содржини