Сопственикот на Лидс – Андреа Радрицани, ќе го продаде англискиот клуб, ако на крајот на
сезоната не биде освоена промоција за Премиер лигата, објавена британските медиуми.

Италијанскиот бизнисмен се надева дека ќе добие околу 200 милиони фунти при евентуално
влегување во елитата на англискиот фудбал и тоа ќе му помогне да реинвестира сериозни
финансиски средства во клубот од Јоркшир.
Марсело Биелса, менаџер на „белите“, добива 3,4 милиони фунти годишно. Договорот на стратегот
истекува во летото 2020 година. При евентуално учество во втората лига и во следната сезона,
некои од главните фудбалери на „белите“, исто така ќе побараат да го напуштат „Еланд Роуд“.
Андреа Радрицани е многу популарен меѓу фановите на Лидс, откако инвестираше многу пари во
клубот од 2017 година.
Финалистот во КЕШ од 1975 година, Лидс, испадна од Премиер лигата во 2004 година, откако
доживеа сериозни финансиски проблеми. Тогаш тимот падна до третото ниво на англискиот
фудбал.
Во моментов Лидс се наоѓа на трето место на табелата во Чемпионшип лигата и има сериозни
шанси повторно да се рангира во Премиер лигата.