Крал на двете страни на Милано: Во ова успеал само Ибрахимовиќ

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Златан Ибрахимовиќ „растура“ и на 38-годишна возраст и денес постави нов рекорд.

Во победата на Милан од 4:1 над Сампдорија, Ибрахимовиќ постигна два гола и стана првиот играч во историјата кој постигнал по 50 голови за двата најголемите клубови од Милано – Милан и Интер.

Ибрахимовиќ играше за Интер помеѓу 2006 и 2009 година, а на 117 настапи постигна 57 голови. Ова е втор пат во неговата кариера да игра за Милан, а на вкупно 104 настапи има постигнато и 51 голови.

Ако земеме предвид дека напаѓачи како Роналдо, Виери и Креспо играа во двата клуба, овој рекорд е особено импресивен.

Слични содржини