Фудбалерите на Манчестер Сити и Реал Мадрид се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите со победи над Борусија Дортмунд и Ливерпул.
Сити победи на гостувањето во Дортмунд со резултат 2:1 и продолжи по вкупни 4:2.
Марез и Фоден беа стрелци за „граѓаните“ во второто полувреме, додека Белингам беше стрелец за милионерите по 15 минути игра.
Реал ремизираше 0-0 со Ливерпул на „Енфилд“ и се пласираше во полуфиналето благодарение на победата од 3:1 во Шпанија.
Ливерпул беше подобар тим и натпреварот заврши со 15 удари кон противничкиот гол, наспроти противничките седум, но тоа не резултираше со ниту еден погодок.
Лига на шампиони, четвртфинале, реванши:
Баерн Минхен – Пари Сен Жермен 2:3, 1:0
Челси – Порто 2:0, 0:1
Манчестер Сити – Борусија Дортмунд 2:1, 2:1
Реал Мадрид – Ливерпул 3:1, 0:0