Фудбалерите на Реал Мадрид победија на гостувањето кај Барселона со 2:1 во 10. коло од Ла Лига.
Избраниците на Карло Анчелоти славеа во едно од најголемите светски дерби со головите на Давид Алаба во 32. минута и на Лукас Васкез во четвртата минута од продолжението.
Во средината на првото полувреме мадриѓаните успеаја да дојдат до предност по феноменален контра напад.
Се започна со австрискиот репрезентативец кој ја зеде топката во својата половина, а потоа ја проследи топката до Винисиус, кој потоа ја испрати до Родриго.
Бразилецот брилијантно го проигра Алаба, а тој погоди со силен удар во далечниот агол за 0:1.
Гостите на полувремето заминаа со минимална предност. Во продолжението од мечот се чинеше дека нема да има голови, бидејќи мрежите мируваа до 92. минута.
Така се беше се до крајот, кога избраниците на Анчелоти повторно изведоа одличен контра напад, а голот го постигна Лукас Васкез.
На возбудувањата им немаше крај бидејќи Барселона успеа да намали преку Кун Агуеро, но немаше време за враќање и веднаш по голот судијата Санчез отсвири крај.
Реал Мадрид изби на првото место кое го дели со Севиља и Реал Сосиедад со по 20 бодови, додека Барселона е само на осмото место со пет бода помалку.