„Кралевите“ успеаја да го задржат најдобриот напаѓач до 2023 година

од Vladimir Zorba
414 прегледи

Шпанскиот гигант Реал Мадрид ја продолжи соработката со францускиот напаѓач Карим Бензема.

Некои дури спомнаа дека сега веќе живата легенда на Реал може да ги напушти „кралевите“, но Мадриѓаните не го дозволија тоа, па потпишаа нов договор со Французинот до летото 2023 година.

– Реал Мадрид и Карим Бензема се договорија да го продолжат договорот на играчот, кој ќе остане во клубот во следните две сезони, соопшти Реал.

Од клубот не беа соопштени детали за договорот, иако медиумите претходните денови наведоа дека во новиот договор ќе има клаузула која вели дека откупувањето на договорот на Карим ќе чини една милијарда евра, што звучи малку неверојатно и покрај сите ненормални цени на играчите што ги среќаваме денес.