Кралица и крал има Кавадарци, се одржува карневалот за време на манифестацијата ,,Тиквешки гроздобер”

од Radmila Tasevska
398 прегледи

Кралица и крал има Кавадарци, вечерва се одржува Карневалот за време на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“. Многубројни групи од земјава и странство, со најразлични маски, се дел од карневалското дефиле во строгиот центар на градот. Симболично беше откинат и првиот грозд.

– И оваа година ја продолжуваме вековната традиција на нашиот град, стопанската, туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“. Очекуваме рекордна посетеност. Очекуваме Кавадарци да биде весело, распеано, очекуваме манифестација за која ќе се зборува, рече градоначалникот Митко Јанчев, на приемот на гостите во Винскиот музеј.

Тој нагласи дека мисла водителка при организацијата на фестивалот, им била, дека оваа година треба да се организира настан кој ќе биде уште побогат, поразличен од претходните, единствен, настан во кој секој ќе си го најде своето место и од кој секој ќе понесе убави спомени и впечатоци.

Слични содржини