Кралица Елизабета Втора се појави на балконот на Бакингемската палата на крајот на прославата на јубилејот

од Stefanija Kuzmanovska
348 прегледи

Британската кралица Елизабета Втора се појави на балконот на Бакингемската палата на крајот на прославата на нејзиниот платинест јубилеј – 70 години на тронот. Таа се насмевнуваше и мавташе додека стоеше покрај принцот Чарлс, Камила и војводата и војвотката од Кембриџ Вилијам и Кејт со нивните деца, а имаше громогласен аплауз од толпата која беше изненадена, но и воодушевена што ја виде.

По кусо време, кралицата се врати во палатата.

96-годишната кралица вчера и завчера не можеше да присуствува на настаните за прославата на историскиот јубилеј, откако последниве месеци има проблеми со движењето. Kралицата се појави во јавноста само двапати за време на четиридневните празнични прослави за викендот.

Официјалните лица рекоа дека таа доживеала „непријатност“ за време на тие настани во четвртокот. Сепак, во четвртокот таа беше видена како ги гледа војниците од балконот на Бакингемската палата.

Денеска пред палатата со часови минуваше огромна поворка, во која учествуваат 10.000 луѓе – меѓу кои и војската, уметниците и клучните работници. Карневалска поворка долга 3 километри – во која учествуваат познати личности од секоја деценија од владеењето на кралицата – се движеше низ Лондон Мол и покрај палатата, а во финалето на парадата Ед Ширан ја испеа химната.

Слични содржини