Кралицата дарежлива, Вилијам доби нова титула

344 прегледи

Принцот Вилијам има нова титула. Кралицата Елизабета Втора во саботата, својот внук го именуваше за нов Висок комесар на Генералното собрние на црквата на Шкотска. Вилијам ќе биде личен претставник на британскиот монарх во Шкотската црква, извршувајќи различни службени посети и церемонијални должности, јавува People.

Принцот ја презеде „улогата“ од Ричард Скот, а пред него била принцезата Ана.

Оваа новос дојде откако принцот Хари заедно со Меган Маркл одлучи да се повлече од кралската должност. Оваа пролет, парот ќе ги изгуби кралските титули.

Од друга страна, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, работат повеќе од било кога. Тие продолжија да работат на истите задачи како и досега, а неодамна организиаа и забава во Бакингемската палата во чест на кралицата.

Британскиот The Sun тврди дека односот меѓу браќата е наручен и дека напорите на кралицата биле залудни. Хари, предходно, демантираше дека Вилијам ги малтретирал него и Меган, но како што тврдат медиумите, Хари и Вилијам уште од летото се во закрвени односи.

Слични содржини