Кралицата Елизабета ја помина ноќта во болница

од Nikola Popovski

Британската кралица Елизабета Втора синоќа ја мина ноќта во болница за да направи детални прегледи, откако ја откажа посетата на Северна Ирска.

Нејзините лични лекари во средата ја испратиле во болница во Лондон за да ја прегледаат специјалисти, но по една ноќ помината во болница била пуштена, по што се вратила во својата палата.

Според британските медиуми, кралицата е добро расположена, а лекарите превентивно ја испратиле во болница. Остатокот од неделата кралицата планира да одмори.

„Кралицата неволно го прифати советот на лекарот да се одмори во следните неколку дена“, соопштија од Палатата.

Да потсетиме, кралицата Елизабета Втора вчера ги прифати советите на лекарите и ја откажа планираната посета на Северна Ирска, објави во средата Бакингемската палата.

„Нејзиното Височество е добро расположено и разочарано е што нема да може да ја посети Северна Ирска, што беше планирано за вчера и денес“, се вели во соопштението.

„Кралицата испратила „најтопли желби до жителите на Северна Ирска“ со зборовите дека со нетрпение ја очекува идната посета“, објави Палатата.

Слични содржини