Кралицата Елизабета конечно ја запозна малата Лилибет

од Stefanija Kuzmanovska

Кралицата Елизабета Втора наводно конечно ја запознала својата правнука Лилибет, ќерката на принцот Хари и Меган Маркл.

Оваа вест ја откри кралскиот коментатор Омид Скуби, кој е пријател со Меган и Хари, во емисијата Брекфест на Би-Би-Си. Многумина го нарекуваат и неофицијалниот портпарол на Меган.

Тој вели дека Меган и Хари ручале со кралицата и постарите членови на кралското семејство зад затворени врати како дел од прославата на платинестиот јубилеј. Потоа ја запознале кралицата со малата Лилибет, по завршувањето на свечената парада.

– Мислам дека луѓето очекуваат некаков голем екстравагантен настан, од кој ќе видиме фотографии. Но, како што ми беше кажано, не треба да очекуваме ништо. Тие моменти со Лилибет се многу приватни меѓу нив и кралицата и, се разбира, знаеме колку таа се радуваше на тоа – рекол Скуби.

Слични содржини