Кралицата Елизабета нема да се вакцинира пред камера

од Stefanija Kuzmanovska
487 прегледи

Британската кралица Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип Втори, најверојатно, ќе бидат вакцинирани против коронавирусот според плановите, но тешко дека ќе го сторат тоа пред камера, изјави британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.

Не сум сигурен дека тоа ќе го сторат пред камерите, но убеден сум дека договорите ќе бидат направени според фазниот пристап што го претставив и, како и секое семејство, тие веројатно почувствуваа притисок и грижи заради оваа пандемија што не опкружува, рече Раб, пренесува Си-Ен-Ен.

Кралицата Елизабета (94) и нејзиниот сопруг Филип (99) се, поради нивната возраст, меѓу најранливите групи кои се првите во редот да се вакцинираат со вакцината против коронавирус.

Минатата недела Си-Ен-Ен објави дека поранешните американски претседатели Барак Обама, Xорџ В. Буш и Бил Клинтон се подготвени да ја примат вакцината против коронавирус пред камера, со цел да се унапреди довербата на јавноста во безбедноста на вакцината, која е одобрена од американската Администрација за храна и лекови.

Слични содржини