Кралицата Елизабета повторно во јавноста: Присуствуваше на изложба на коњи (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
288 прегледи

Британската кралица Елизабета Втора, која беше принудена да ја пропушти традиционалната церемонија на отворање на парламентот на почетокот на неделата, денеска се појави во јавноста за да присуствува на изложба на коњи недалеку од нејзиниот дом.

Елизабет (96) ја пропушти церемонијата на отворање на парламентот во вторникот поради, како што соопшти Бакингемската палата, проблеми со движењето, пренесе „Ројтерс“.

Таа ретко се појавуваше во јавноста откако минатиот октомври беше хоспитализирана една ноќ поради болест која не беше прецизирана, а потоа лекарите ја советуваа да се одмора.

Оттогаш, таа ги извршува своите должности или од далечина или лично во нејзиниот дом во замокот Виндзор.

Меѓутоа, денес таа среќно се насмеа од совозачкото место во нејзиниот Range Rover додека гледаше како некои од нејзините коњи се натпреваруваат на Кралскиот саем за коњи во Виндзор, кој се одржува во приватниот простор на нејзиниот замок.

Подоцна таа го зазеде своето место на трибините под аплауз на публиката, шетајќи со помош на бастун.

Слични содржини