234
КРАЛИЦАТА Елизабета Втора ги откажа онлајн состаноците закажани за денеска бидејќи сè уште има благи симптоми на настинка поради инфекција со коронавирус, соопшти Бакингемската палата.
Според портпаролот на палатата, таа одлучила да не учествува во планираните виртуелни ангажмани, но ќе продолжи со полесни обврски, пренесе „Вашингтон тајмс“.
Полесните обврски вклучуваат, меѓу другото, читање британски весници во добар дел од денот, објави Би-Би-Си.
Бакингемската палата во неделата потврди дека Кралицата има благи симптоми на корона, слични на настинка.