Кралицата им посака среќа на Англичаните: „Дух и посветеност“

од Nikola Popovski

Британската кралица Елизабета Втора се потсети како во 1966 година му го додели пехарот наменет за светскиот шампион на тогашниот англиски капитен Боби Мур, посакувајќи му успех на англискиот тим пред финалето на ЕУРО 2020.

Таа рече дека се надева дека историјата ќе се повтори и ќе се забележи успех на тимот, но и „духот, посветеноста и гордоста по кои се водат“, објави Би-Би-Си.

Британската кралица рекла дека видела што им значи на играчите кога ќе победат на голем турнир, како што се случи пред 55 години.

Избраниците на Герет Саутгејт последниот натпревар го играат утре со Италија на „Вембли“.

Слични содржини