344
Принцот Хари и Меган Маркл во текот на овој месец ќе се вратат во Велика Британија на своите последни кралски должности, за потоа да се вратат на новиот живот кој го започнаа во Канада.
Хари минатата недела се врати во Англија, но Меган не беше со него. Наскоро таа треба да му се придружи, за заедно да ги извршат последните обврски. Но, она што најмногу ја погодило кралицата Елизабета е дека тие нема да го донесат Арчи, со кого таа и онака поминувала навистина малку време.
Кралицата смета дека е голема загуба тоа што тој ќе расте далеку од Бакингемската палата и од своите роднини. Исто така, се зборува дека со своите братучеди Џорџ, Шарлот и Луис бил само неколкупати.