Кралот Чарлс на прва средба со премиерката Трас: Се плашев да нe ја изгубам мајка ми

од Nikola Popovski

Новиот британски крал Чарлс Трети се сретна со британската премиерка Лиз Трас, откако го одржа својот прв официјален говор како суверен на Велика Британија.

Како што пренесуваат британските медиуми, кралот ѝ рекол на новата премиерка дека денот кога ја изгубил мајка си е она од што се плашел, но дека мора да се обиде да издржи се.

Да потсетиме дека кралот претходно го одржа својот прв говор во кој изјави дека смртта на неговата мајка длабоко го погодила.

„Кралицата беше инспирација за нас и за целото семејство во текот на нејзиниот живот. Кралицата Елизабета живееше убав живот и ѝ служеше на нацијата. И јас ви ја ветувам таа услуга на народот“, рече Чарлс.

Тој додаде дека им е благодарен на сите.

„Благодарен сум на сите за изразите на сочувство, од сите народи. Во 1947 година, таа се обврза да му служи на својот народ. Тоа беше повеќе од ветување, тоа беше посветеност што го дефинираше нејзиниот живот“, истакна Чарлс.

Слични содржини