Кралот Чарлс сепак го поканил Хари на роденденската прослава, но принцот ја одбил поканата?

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот крал Чарлс на 14 ноември ќе го прослави својот 75-ти роденден.

Според „Дејли мејл“, тој планира да организира забава за своите најблиски пријатели и семејството во резиденцијата Клeренс Хаус.

Иако беше објавено дека кралот не планирал да ги покани синот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, тие, всушност, биле поканети.

„Постои чувство на заладување во семејството по афтершоковите од книгата и интервјуто на Хари. Но, тоа не ја менува љубовта на кралот кон неговиот син. Секогаш ќе го кани својот син на семејни собири бидејќи тој е таков“, рекол извор близок до кралското семејство.

Според споменатиот медиум, работата е во тоа што Хари ја одбил поканата и не сака да дојде на прославата на својот татко.

И додека овој извор рече дека Хари „нема да патува од Калифорнија за да присуствува на роденденот на неговиот татко“, друг извор тврди дека засега семејството „цврсто му ја затворило вратата поради документарниот филм и книгата која ја напишал“.

„Пред тоа секогаш постоеше надеж дека некои работи ќе се поправат. Кралот побрзо ќе му прости за разлика од останатите членови на семејството бидејќи Хари е негов син, но вратата во моментов е повеќе затворена отколку отворена“, рекол изворот.

Потсетуваме, заладувањето на односите меѓу принцот Хари и неговото семејство настана кога тој пред три години одлучи да се пресели во САД со сопругата Меган Маркл и синот Арчи. После тоа, тој и Меган дадоа интервју за Опра Винфри, во кое не штедеа зборови за кралското семејство, потоа снимија документарен филм, а последната капка беа мемоарите на Хари „Резерва“, во кои тој целосно оцрни одредени членови на неговото семејство.

Слични содржини