“Кралот на Инстаграм” доживеа два срцеви напади по 4 дена оргии

од desk3

Дам Билсеријан живее живот на кој ќе му позасвидат неговите бројни следачи на Инстраграм. Сепак во неодамнешното интервју овој човек призна дека таков начин на живот си има и висока цена.

Дан потврди дека целодненвното конзумирање на големо количество на дрога и алкохол не се добри за здравјето, признавајќи дека веќе двапати скоро умрел. Во емисијата на Грејам Бенсингер, Дан открил дека во една прилика по четири дена оргии, конзумирање наалкохол и дрогирање, бил однесен во болница во критична состојба. Во тоа време имал само 25 години, а неговото одење на скијање неочекувано се завршило во Лас Вегас. За четири дена земал шест пати повеќе од препорачаната вијагра, внел во организмот големо количество на кокаин и сето тоа го залил со алкохол.

Прво што осетил била болка во рамењата, за кои одлучил да ги отстрани со склекови. Меѓутоа болката не само што не се намалила туку станувала се посилна, а Дан се потешко дишел, па сватил дека можби е време да оди во болница.

Во болницата лекарот му дијагностицирал срцев удар и му го спасил животот, а веќе следниот ден Дан го доживела новиот, кој исто така го преживеал.

Слични содржини