„Кралот“: Се надевам дека ќе станам најдобар стрелец во НБА

од Vladimir Zorba
425 прегледи

Леброн Џејмс се надева дека ќе стане најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата.

Тој синоќа на вечната листа го престигна Карл Мелоун, а пред него остана само Карим Абдул-Џабар.

„Кралот Џејмс“ моментално е на „цифра“ 36.947 поени, додека Абдул-Џабар е на 38.387.

„Очигледно е дека во одреден момент ќе можам да погледнам наназад на овој момент. Нема да си дозволам да размислувам за тоа. Секогаш само ја играв мојата игра низ годините, а овие работи се случија природно со излегување и играње на мојата игра на вистински начин“, рече Џејмс, додавајќи:

Доколку го служи здравјето, би можел да стигне до врвот на вечната листа околу средината на следната сезона.

„Се надевам дека ќе го постигнам тоа во одреден момент од кариерата, но нема да размислувам премногу за тоа“, истакна Џејмс.

Слични содржини