Кралската гарда масовно со дрога во крвта

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Изненадена операција во касарната на Велшката гарда од дежурни чувари во палатата на кралицата покажала траги од кокаин и екстази во крвта на припадниците, објави „Дејли мејл“.

Акцијата, под кодно име „застани и претреси“, беше спроведена со учество на 30 кралски воени и цивилни полицајци, а над 200 припадници на гардата од првиот баталјон на велшката гарда беа тестирани за дрога. Специјални екипи со куче обучени да откриваат дрога извршиле претрес во просториите и личните работи на припадниците, а траги од екстази и кокаин биле пронајдени во предмети на пет лица. Тестовите на крвта на нивните сопственици потврдија присуство на дрога.

Уапсени се петте престапници.

Извор од касарната за „Мирор“ изјавил дека Кралицата е свесна за ситуацијата и е загрижена за членовите на гардата.

Минатата недела стана јасно дека 13 гардисти кои го чувале замокот Виндзор и ја бранеле кралицата биле уапсени за нарушување на карантинот во земјата. Тие биле група од 16 гардисти кои направиле забава на отворено со многу алкохол, кокаин и рејв музика во крајбрежен парк.

Уапсените беа осудени на затворска казна од 14 до 28 дена, што ќе ја исполнат во воениот затвор Гласхаус во Колчестер. Ова е прв случај на толку многу гардисти да бидат уапсени одеднаш и обвинети за истото дело. Четворица од нив биле позитивни на кокаин и ќе бидат отпуштени по издржувањето на казната.

Извор од Палатата изјави дека ниту кралицата ниту принцот Филип не биле во опасност од нивните гардисти.

Слични содржини