Иако некои од нив се многу необични, традиционалните божикни обичаи во кралското семејство мора да се почитуваат. Како што раскажува Мари Клери, во кралскиот двор традицијата е многу важна, а во обичаите секогаш учествуваат сите членови на кралското семејство. Веќе е познато дека сите членови на кралското семејство мораат да ја измерат тежината пред и по божикната вечера, но тоа не е се.
Обожуваат да праќаат божикни честитки
Членовите на кралското семејство никогаш не забораваат на божикните честитки,а кралицата Елизабета и принцот Филип годишно праќаат и преку 750 потпишани честитки. Меѓутоа, тие не се единствени кои толку внимание посветуваат на честитките. Истото го прават и принцот Чарлс и Камила, како и Вилијам и Хари со своите семејства.
Божик го слават во Сандрингем
Иако членовите на кралското семејство празниците најчесто ги минуваат во Бакингемската палата, Божик сепак го слават на поинаков начин. Божикните денови традиционално се слават Сандрингем во Норголк, а на обележувањето на тој посебен ден, најчесто се присутни само најблиските членови. Тоа е традиција на која кралицата се придржува со години.
Големата балска сала на имотот за Божик се користи како кино сала каде традиционално се прикажуваат омилените филмови на секој член на семејството. Кралицата и принцот Филип во Сандрингем остануваат до 6 фебруари, во чест на таткото на кралицата кој таму починал во 1952 година.
Кралицата организира предбожикен ручек
Имено, кралицата Елизабета секоја година пред Божик во Бакинемската палата организира ручек за сите членови на кралското семејство, вклучувајќи ги и подалечните роднини како принцезите Еуџинија и Беатрис. Тоа е добра прилика за сите заедно да се поврзат и да ги прослават празниците на традиционален начин.
Овогодинешниот ручек ги собрал сите членови на кралското семејство, па наводно и скараните браќа – Вилијам и Хари.
На прославата доаѓаат во посебен вагон
Секоја година, кралицата и принцот со воз патуваат до станицата King’s Lynn во Норфолк, а оттаму се упатуваат на имотот. Имено, така традиционално го поминуваат Божик. Иако до куќата патуваат со воз, кралицата парува поинаку од останатите. Таа изнајмува посебен вагон за себе и своето семејство, додека останатите патници мораат да патуваат во другите вагони.
Божикниот ручек не поминува без пудинг
Поранешниот готвач Дарен МекГрејди открил во какви деликатеси уживаат за време на ручекот. На менито обавезно има салата од шкампи и јастог, печена мисирка, но и некои традиционални јадења. Се разбира, ручекот не може да помине без традиционалниот пудинг.
Подароците се делат откако ќе пристигне Чарлс
Кралското семејство има обичај дека подароците не смеат да се отворат се додека не пристигне принцот Чарлс. По неговото доаѓање, вработените ги вадат подароците од неговиот автомобил и ги стават на масата за секој член посебно.
Подароците мораат да бидат луди и ефтини
Наместо отварање на подароците на божикното утро, кралицата Елизабета одредила поинакво правило. Членовите на кралското семејство традиционално ги отвараат подароците на Бадник, точно во 18 часот, а подароците мораат да бидат што полуди и ефтини.
Членовите се потрудиле подароците да бидат и тоа како забавни. Принцот Хари на кралицата и подарил капа со натпис „нели е животот кучка’, а војвотката Кејт Мидлтон на Хари му подарила „прибор за одгледување девојки“, тоа било пред да ја запознае Меган.
Принцевите секој Бадник играат фудбал
На самиот Бадник во вечерните часови, принцевите Вилијам и Хари традиционално играат фудбал. Се собираат на тревникот каде играат заедно со вработениот персонал. Меѓутоа, тоа не е се, принцевите обавезно ги облекувааат своите „среќни“ чорапи – Вилијам носи чорапи со омилениот фудбалски клуб Астон Вила, додека Хари има од Арсенал.