Крастев: Преговорите меѓу С. Македонија и ЕУ нема да започнат до крајот на 2021 година

од Nikola Popovski
292 прегледи

„Преговорите меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија најверојатно нема да започнат до крајот на оваа година. Сепак, се зависи што ќе се случи во нашата земја по 4 април“, изјавил новинарот и аналитичар Николај Крастев за бугарската „bloombergtv“.

„Цврстината што се забележува во бугарската политичка елита во моментот дава причина да се верува дека работите не можат да се случат толку брзо во однос на преговорите“, вели Крастев.

Тој ја истакнал потребата од „мирен дијалог“ и „мирни преговори“ меѓу бугарските политичари и нивните колеги во С. Македонија.

„Мора да постои доверба и смиреност во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија“, потенцира Крастев.

Друга тема на која се осврнал Крастев биле односите меѓу Србија и Косово.

„Играта на Европската унија е да се води дијалог и да се најде трајно решение за конфликтот меѓу Белград и Приштина“, смета новинарот.

Слични содржини