Кратко или долго? Просечно сексот трае 19 минути

од Vladimir Zorba
136 прегледи

На сите ни се случило да го дебатираме интимниот живот со пријателите. Но, од каде знаете дека она што го раскажуваат тие, е вистина?

Знаеме ли реално колку време трае половиот акт?

На ова прашање побараа одговор британски социолози, кои спровеле репрезентативно истражување за производител на еротски играчки, пишува британскиот “Independent”. Во него учествувале 4 400 лица (вкупно 2 200 пара).

Според добиените резултати, сексот во просек трае 19 минути.

И уште:

Малку повеќе од половина од испитаните парови (52%) откриваат дека за нив времетраењето на сексот е сосема доволно. 23% од мажите велат дека им се сака играта за возрасни да продолжи уште малку. Смешно е дека 15% од дамите изјавуваат дека гужвањето на чаршафите треба да заврши што е можно поскоро.

Според податоците на британските истражувачи, 24% од луѓето кои учествувале во истражувањето, би сакале сексот со својата сакана да трае од 30 минути до 1 час. За останатите 76%, сепак 15-минути е сосема доволно.

Освен времетраењето на забавниот чин, британските научници ги запрашаа испитаниците нешто уште поделикатно. Што се случува на крајот?

75% од мажите споделиле дека успеваат да стигнат до оргазам речиси секој пат. Но, кај дамите работите воопшто не се така розови. Само 28% од нив се чувствуваат исполнети. Помалку од 1/3 од жените “експлодираат” под љубовниот чаршав.

90% од паровите велат дека во одреден момент од интимната врска го доживеале споделениот оргазам. Чувството на истовремено избувнување сепак воопшто не е така често според истражувачите.

Со оваа студија социолозите имаат за цел да ги поттикнат мажите да се грижат повеќе своите дами. “Дефинитивно има проблем во креветот и некој мора да се потруди повеќе”, пишуваат експертите.